Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед подготви ултимативна понуда за францускиот интернационалец Пол Погба. Раководството на клубот му нуди нов договор според кој би заработувал 500.000 фунти седмично и би станал најплатениот фудбалер на „Олд Трафорд“ и воопшто во Премиер – лигата, а доколку тој одбие да потпише – тогаш ќе треба да си замине!
Одговорот во Манчестер Јунајтед го очекуваат до 1 јули. По ова, „црвените ѓаволи“ ќе ја разгледуваат опцијата за продажба на Пол Погба.
Французинот сака да си замине и најверојатно ќе ја одбие новата понуда на Манчестер Јунајтед, а сака кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид. Но, англискиот тим нема да се сложи трансферот да се реализира без отштета од околу 150 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА