На последниот викенд од Формула 1 шампионатот, во ноември годинава во Абу Даби на аукција ќе се продава болидот со кој Михаел Шумахер и Ферари ја освоија шампионската титула. Покрај неколку други возила со големо значење, Ферарито на шесткатниот шампион ќе се порадава за дел од парите да бидат донирани во Фондацијата на германскиот ас.
Во сезоната 20022, Шумахер овој болид го возеше во три од 11-те победи, во Сан Марино, во Австрија и во Франција. На француското Гран-при го завери шампионскиот трофеј на шест трки пред крајот од сезоната што е најкраткото време во историјата што на некој возач му требало за да ја освои титулата.
На аукцијата на продажба ќе бидат и други вредни предмети поврзани со Формула 1 возачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА