Денешниот ден е бурен за навивачите на ЦСКА Москва, откако се израдуваа на новиот договор со Кајл Хајнс, за веднаш потоа да уследи шокот – Нандо де Коло објави дека си заминува од редовите на актуелниот европски шампион.
„Освоив се што можеше да се освои со ЦСКА. Сега ќе треба да си најдам нов предизвик и повторно да се борам на највисоко ниво“ – изјави Де Коло за клупската веб-страница.
Францускиот ас пристигна во ЦСКА во 2014 година, откако во НБА-лигата настапуваше за Торонто и за Сан Антонио. Тој освои две титули во Евролигата со рускиот гигант, а во 2016 беше избран и за МВП на фајнлфор-турнирот.
Реал Мадрид се обидува да го убеди Де Коло на преселба во Шпанија, но сериозна опција за Французинот е и враќање во НБА. Тој е вториот ас што си заминува од таборот на ЦСКА, откако претходно истото го стори и Кори Хигинс, кој се сели во редовите на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА