Шок во Италија: Милан не сака да игра во Лига Европа

И покрај обезбеденото место за настап во Лигата на Европа следната сезона, Милан не сака да биде дел од европското натпреварување. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Милан се обидува да постигне договор со УЕФА за да не игра во ЛЕ како би се обидел да ги среди своите финансиски проблеми.

„Кориере дела сера“ пренесува дека раководството на Милан веќе испратило барање до УЕФА за предавање на своето место во Лигата на Европа на друга италијанска екипа. Целта е да се има повеќе време за исполнување на барањата за финансиски фер-плеј.

Милан веќе доби казна за непочитување на финансискиот систем на УЕФА, за период од 2015 до 2018 година. Доколку Милан игра во европската лига истрага повторно ќе биде покренета за период од 2016 па се до денес.

Се вчитува...