Бразилскиот фудбалер Нејмар сака да го напушти Пари Сен Жермен и да се врати во редовите на Барселона, пренесуваат шпанските медиуми. Бразилецот во разговор со претседателот на тимот од „Паркот на принцовите“ Насер Ал Келаифи му кажал дека не сака повеќе да игра во клубот и дека сака да се врати во Барселона
„Не сакам повеќе да играм тука. Сакам да се вратам во својата куќа, која никогаш не требаше да ја напуштам“, изјавил Нејмар.
Нејмар од Барселона во редовите на Пари Сен Жермен премина во 2017 година за сума од 220 милиони евра. Во двете поминати сезона тој за тимот од главниот град на Франција забележа 37 настапи на кои постигна 34 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА