Манчестер Сити нуди 95 милиони евра за „наполитанецот“ Кулибали

Англискиот првак Манчестер Сити тргнува во офанзива за ангажман на дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали. Менаџерот Пеп Гвардиола посакува нов квалитетен стопер и верува дека раководството ќе успее да го доведе Сенегалецот за кого се интересираат најголемите европски клубови.

Кулибали е цел и на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и на ПСЖ, а засега претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, упорно ги одбива сите понуди.

Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ открива дека Манчестер Сити понудил 95 милиони евра за услугите на Калиду Кулибали. Претходно, Реал Мадрид понуди пет милиони евра помалку, а Јунајтед најавува најбогата понуда од 110 милиони евра.

Калиду Кулибали има актуелен договор со Наполи до 2023 година.

 

Се вчитува...