Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини со часови одговарал на прашања на истражителите поврзани со Европското првенство во 2016, Светските првенства во Русија во 2018 и за претстојното во Катар во 2022 години, но за францускиот шампион Пари Сен Жермен. Овие детали ги раскажа Платини откако беше пуштен, а се пожали и дека му било болно што бил спроведен како криминалец, а требало да биде испрашуван како сведок. Неговиот адвокат тврди дека Платини е невин, а дека е дел од истрагата на „техничка основа“.
Мишел Платини имаше одлучувачка улога вододелувашето на спрните три првнества. Истражителите му барале детали и околу ручекот на кој тој бил со поранешниот претседател на Франција, Николас Саркози, тогашниот министер за надворешни работи и Емирот од Катар. Случката била непосредно откако Карар ја доби организацијата на Мундијалот.
Поранешниот ас е под четиргодишна суспензија од фудбалот. Казна кој му беше изречена поради случајот за примање пари од претседатеот на ФИФА Сеп Блатер за наводни консултантски услуги. Супензијата му завршува оваа година на есен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА