Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс доби парична казна од 8 илјади фунти од англиската фудбалска федерација ФА, поради обложување на 140 натпревари во периодот од август 2015. до јануари 2019. година.
Покрај останатите мечеви Сколс се обложувал и на натпреварите на Манчестер Јунајтед во кој во тоа време беа Рајан Гигс и Ники Бат, но и на Валенсија која во тој период ја водеше Гери Невил. 44-годишникот е косопственик на нисколигашот Салфорд Сити, но во тој временски период не се обложувал на натпреварите на тимот. Осум обложувања во периодот од 17. август 2015 до 12 јануари 2019 биле на натпревари од ФА купот, но сите биле одиграни по елиминацијата на Салфорд Сити.
Поранешниот фудбалер на „црвените-ѓаволи“ доби предупредување од ФА, а тој се извини за своите постапки, велејќи дека тие биле една голема грешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА