Бразилецот Нејмар е на излезна врата од Пари Сен Жермен, а раководството на Реал Мадрид се обидува да го „улови“ пред тој да се врати на „Камп Ноу“. По две години тој би можел да се врати во Барселона, а „кралскиот клуб“ го посакува во своите редови и подготвен е да полати 150 милиони евра. Во пакетот би бил вклучен и неговиот сонародник Кашемиро, кој би се преселил на „Паркот на принцовите“.
Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, е во потрага по нов дефанзивен играч за врска кој би можел да биде наследник на Тијаго Мота. Од составот на „светците“ си заминува и Адриен Рабио, па Кашемиро би бил одлично решение.
Нејмар и претседателот на клубот Насер Ал Келаифи значително ги влошија односите во последните неколку дена, откако Бразилецот повторно се повреди и ќе паузира најмалку еден месец пропуштајќи го настапот на Копа Америка. Проценките на раководството на ПСЖ се дека Нејмар премногу често се повредува и подобро е да биде продаден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА