Манчестер Јунајтед во следните 48 часа ќе го комплетира трансферот на Арон Ван Бисака, кој ќе пристигне од редовите на Кристал Палас за сума од 50 милиони фунти. Десниот бек на младинската англиска репрезентација се наоѓаше високо на листата со желби на „црвените ѓаволи“, а челниците на клубот веќе извесно време преговараат со Палас околу висината на отштетата.
Лондонскиот клуб од почетокот на преговорите инсистира на 50 милиони фунти, а по двете одбиени понуди „ѓаволите“ се подготвени сега да ги задоволат барањата на Кристал Палас, се со цел трансферот што поскоро да биде комплетиран.
Ван Бисака ќе се бори за место во првиот тим со искусниот Ешли Јанг, кој беше прва опција на позицијата десен бек минатата сезона. Ветеранот Антонио Валенсија летово си заминува од „Олд Трафорд“ откако воопшто не му беше понуден нов договор од управата на Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА