Роџер Федерер направи уште еден чекор кон десеттата титула на АТП-турнирот во Хале, откако швајцарскиот великан вечерва по голема битка се пласираше во четвртфиналето, совладувајќи го Жо Вилред Цонга со 2-1 во сетови.
Федерер го доби првиот сет со 7-5 во тајбрејкот, а потоа имаше и предност од 2-0 и 3-1 на стартот од вториот сет. И кога се очекуваше рутинска победа на фаворитот, Цонга се врати, направи два брејка за кратко време и го доби сетот со 4-6. Решавачкиот сет донесе жестока битка се до самата завршница, кога Федерер стигна до брејк при 5-5 и на крајот триумфираше со конечни 7-5.
Следен ривал на швајцарскиот тенисер ќе биде Баутиста Агут, кој денеска славеше над Гаске со 2-0 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА