Реал Мадрид веќе одбил две понуди за Марко Асенсио откако тренерот Зинедин Зидан јасно ставил до знаење дека сака да го задржи шпанскиот репрезентативец и да му помогне да се врати во посакуваната форма. Асенсио ланската сезона настапи на 19 средби во „Ла Лига“, постигнувајќи само еден гол и четири асистенции. Само за споредба, во претходната сезона во која тренер на Реал беше Зидан, Асенсио за 19 натпревари постигна шест гола и шест асистенции.
Францускиот стратег е убеден дека ќе може да го извлече максимумот од овој фудбалер, кој може да му биде значајно оружје, особено ако се земе во предвид навиката на Зидан да ги ротира првотимците во периодот кога тимот настапува во ЛШ. Токму поради ова, тој побарал од управата да ги отфрли сите понуди за младиот Шпанец, кој ќе добие шанса во предсезоната да докаже дека е значаен дел од „кралскиот клуб“.
„Зидан не сака да се откаже од Асенсио. Целта е тој да добие уште една шанса за докажување. Нема да биде лесно, конкуренцијата во тимот е голема, но Марко ќе може да се докаже, или доколку не го стори тоа, потоа да си замине“ – откриваат извори од стручниот штаб на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА