Фернандо Торес ја завршува фудбалската кариера

Фернандо Торес заминува во фудбалска пензија. Ѕвездата на Атлетико Мадрид и на шпанската фудбалска репрезентација чиј клуб во моментов е јапонскиот Саган соопшти на социјалните мрежи дека се повлекува од активно играње.

„По 18 возбудливи години дојде време да и ставам крај на фудбалската кариера“ – вели Торес најавувајќи дека на прес конференција в недела ќе ги соопшти деталите околу повлекувањето.

Фернандо Торес кариерата ја почна во Атлетико Мадрид, играше и за Челси и за Ливерпул во Премиер-лигата. Потоа беше дел од Милан, се врати во Атлетико од каде се пресели во Јапонија. Има и 110 настапи за шпанската репрезентација.

 

Се вчитува...