Хумелс: Борусија е мојот дом

По три години поминати во Баерн Минхен, Матс Хумелс се враќа во составот на Борусија Дортмунд, отворено искажувајќи задоволство што повторно ќе ги брани боите на тимот од „Сигнал Идуна паркот“.

„По преговорите со Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, брзо ми стана јасно дека мојот дом на фудбалски план е Борусија Дортмунд. Имав шанса да запознаам одлични луѓе во Баерн и да доживеам неверојатни моменти. Секој што ме познава знае дека Минхен ќе ми остане секогаш во срцето“, изјави Хумелс.

30-годишникот ќе потпише договор со Борусија Дортмунд до 2022 година, а цената на трансферот изнесува 38 милиони евра.

 

Се вчитува...