Македонија повторно ќе има две екипи во ракометната Лига на шампиони, но крај европскиот првак Вардар овојпат шанса нема да добие Металург, туку битолскиот суперлигаш Работник.
ЕХФ денеска ја објави конечната листа на учесници во групната фаза од ЛШ, Вардар ќе биде носител во една од елитните групи А или Б, додека Работник ќе дебитира во елитното европско натпреварување како дел од групата Ц или Д. Во елитните групи „вајлд-карти“ им беа доделени на поранешните европски прваци Монпелје и Кил, како и на унгарскиот вицешампион Пик Сегед.
Стартот на новата сезона во Лигата на шампионите е закажан за 11 септември.
ГРУПИ „А“ И „Б“
Вардар
Загреб
Алборг
Барселона
Фленсбург
ПСЖ
Веспрем
Мешков Брест
Елверум
Кјелце
Порто
Целје
Мотор
Кил
Пик Сегед
Монпелје
ГРУПА „Ц“ И „Д“
Кокс
Динамо Букурешт
Чехорвски Медведи
Савехоф
Шафхаузен
Татран Прешов
ГОГ
Бидасоа
Работник
Висла
Спортинг Л.
Кристијанштад
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

