Де Лаурентис до Сари: Ти посакувам ништо да не освоиш со Јувентус

Првиот човек на италијанскиот Наполи, Аурелио де Лаурентис му посака на Маурисио Сари да не освои ниту еден трофеј со Јувентус. Сари официјално беше претставен на клупата на торинскиот гигант, а неговата одлука ги повреди навивачите на Наполи бидејќи до пред две години седеше на клупата на тимот.

„Не сум изненаден што премина во Јувентус. Во модерниот фудбале нема веќе икони и лојалност. Во Наполи не освои ништо, можеби нема ни во Јувентус. Сега ми е ривал не можам да му посакам да освои трофеи“, изјави Де Лаурентис. 

Сари од Наполи премина во редовите на Челси, каде со англискиот премиерлигаш го освои првиот трофеј во кариерата, откако триумфираше во Лигата на Европа.

Се вчитува...