Свечено отворени Европските игри во Минск – Македонија со 12 спортисти (ВИДЕО)

Белорускиот Минск е домаќин на вторите по ред Европски игри. Вечерва беше церемонијата на свеченото отворање, на која Белорусите се покажаа како одлични домаќини.

Македонија на игрите ќе ја претставуваат 12 спортисти, меѓу кои е и освојувачот на бронзен медал од минатите игри кои се одржаа во Баку, Азербејџан, каратистот Емил Павлов. Покрај Павлов носител на медал од Европските игри е уште еден каратист, Мартин Несторовски кој исто така се закити со бронзата во Баку. Знаменосец на Македонија на отворањето беше боксерот Гоце Јанески.

 

Список на македонската делегација на Европските игри во Минск:

1. Емил Павлов – карате
2. Магомедгаџи Нуров – борење (слободен стил)
3. Владимир Егоров – борење (слободен стил)
4. Фати Вејсели – борење (слободен стил)
5. Арбреша Реџепи – џудо
6. Владимир Малески – кајак
7. Борјан Бранковски – спортско стрелаштво
8. Андреј Петровски – велосипедизам (улична трка, хронометар)
9. Далибор Богданов – самбо
10. Етеми Арсим – бокс
11. Јасин Љама – бокс
12. Гоце Јанески – бокс

 

Се вчитува...