Навивачите на Милан желно го очекуваат првото засилувања за новата сезона. Се чека официјална потврда за трансферот на Раде Круниќ од Емполи, а веќе на добар пат е да биде заокружен и трансферот на Дани Себаљос од Реал Мадрид.
Младиот шпански репрезентативец во Милан би дошол на двегодишна позајмица, иако Реал е повеќе за опцијата комплетно да го продаде за сума од 50 милиони евра.
Милан, наводно, ќе плати по четири милиони евра од сезона за позајмица на Себаљос. Покрај фудбалерот на Реал, желба на тимот од Сан Сиро е и Тореира од Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА