Италијанскиот калчолигаш Лацио би сакал да го има во своите редови Марио Манџукиќ за следната сезона. Новиот стратег на Јувентус, Маурицио Сари, сака да го реновира навалниот ред и му порачал на 33-годишниот хрватски интернационалец дека најдобро би било за него да ја промени средината, а тоа сака да го искористи раководството на Лацио и да го доведе на „Олимпико“.
Манџукиќ има понуди да ја напушти Италија, за него најсериозен интерес покажува Борусија Дортмунд, но и Лацио ќе се обиде да се вклучи во трката. Манџукиќ во Јувентус имаше годишна плата од 4 милиони евра, а „лацијлите“ би можеле да му понудат еден милион евра помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА