Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека раководството на клубот од „Олд трафорд“ не треба да ги чува фудбалерите кои што не даваат максимум.
„Јунајтед не мора да задржи ниту еден фудбалер. Нормално дека кога игра Погба тие се подобри, но ако тој не сака да биде дел од клубот, морате да го прифатите тоа. На крајот тоа е првата работа која ќе мора Оле да ја направи, да оцени кој навистина сака да игра за Јунајтед“, изјави Невил.
Извесно време се шпекулира дека Погба ќе ги напушти „црвените-ѓаволи“, а најголеми фаворити за неговиот потпис се Пари Сен Жермен и Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА