Фудбалерот на француски Лион, Тангу Ндомбеле својата кариера ја продолжува во лондонски Тотенхем.
Францускиот клуб одбиваше да го продаде својот играч се до вчера кога се засили со 21-годишниот Жан Лукас од Фламенго.
Ндомбеле минатата сезона одигра 49 натпревари во дресот на Лион, постигнувајќи и три погодоци, па по крајот на сезоната се најде на „мета“ на многу европски клубови.
„Ндомбеле го бараат најголемите европски клубови. Тој бара заминување. Па затоа ќе мора да ги отвориме вратите за негово заминување“ – изјави и претседателот на Лион, Жан-Мишел Аулас.
Тотенхем не пазараше во претходните два преодни рока, па сега сметаат дека понудата од 62 милиони евра треба да ги задоволи челниците на Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА