Мурињо го одби Њукасл – Не ми е цел да бидам седми или осми на табела

Легендарниот португалски стратег, Жозе Мурињо нема намера да седне на клупата на Њукасл, која пред неколку дена ја напушти Рафаел Бенитез. Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед и Челси, најави дека по шест месечната пауза има намера да се врати во фудбалот, но негова цел е освојување на трофеи, а не борба за средината на табелата.

„Мојата задача е секогаш да одам на победа. Не сакам ништо друго. Кога тимот ќе загуби, тоа е мој проблем. Сакам да бидам дел од проект кој на секој натпревар оди на победа. М0жете да ми понудите договор на десет години и да ми кажете дека сте задоволни со седми или осмо место на табелата, но тоа не е за мене. Мојата цел е борба за трофеи“, изјави Мурињо. 

Педесетгодишниот стратег кариерата ја почна во Бенфика, а ги водеше и екипите на Леири, Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

 

Се вчитува...