Марио Танкоски останува ракометар на Металург, Арбитражата на РФМ не го пушти во Еурофарм

Еден од најталентираните млади ракометари Марио Танкоски останува ракометар на Металург, потврди Арбитражната комисија на Ракометната федерација на Македонија.

Македонскиот репрезентативец беше поврзуван со преминување во Еурофарм Работник, но поради постоечкиот договор Танкоски е обврзан на уште една година во тимот од Автокоманда. Металург не сака без отштета да се откаже од неговите услуги, па затоа доколку вицешампионот на Македонија сака да го доведе во своите редови ќе мора да го плати трансферот.

Ракометарот во рок од осум дена има право да поднесе жалба за оваа одлука на првостепената комисија на Ракометната федерација на Македонија.

Се вчитува...