Политичката бура го однесе заменикот на Каевски во АМС познат како „лицето“ Ристеми

Газменд Ристеми си поднесе оставка на позицијата заменик-директор на Агенцијата за млади и спорт. Потегот се должи на одлуката на неговата партија НДП да се повлече од владеачката коалиција.

Ристеми стана интересен за јавноста откако се појави на изборното собрание на Фудбалската федерација на Македонија, на кое директорот на АМС, Дарко Каевски најави дека нема да испрати претставник на институцијата.

Каевски изјави дека одењето на Ристеми на изборното собрание е личен чин, додека АМС во официјално соопштение го нарече „лицето“ Ристеми објаснувајќи дека неговото присуство на изборот на новиот претседател на ФФМ не ги застапува позициите на Агенцијата.

 

Се вчитува...