Шпанскиот интернационалец Давид Силва најави дека претстојната сезона ќе му биде последна во дресот на Манчестер Сити, а менаџерот Пеп Гвардиола веќе размислува за неговиот наследник. Го гледа во редовите на Реал Мадрид. Иско Аларкон треба да биде замената за Давид Силва и тоа ќе биде наредната мисија за раководството на „граѓаните“.
Гвардиола планира да го доведе Иско следното лето на „Етихад“. Манчестер Сити е подготвен да плати 80 милиони евра за неговиот трансфер. Играчот за врска најави дека би можел да си замине од „Сантијаго Бренабеу“ и во овој преоден рок, но најверојатно ќе остане уште една сезона да види каква минутажа ќе добие од Зинедин Зидан. Кога Французинот минатиот пат беше на кормилото на Реал Мадрид, Иско имаше една од централните улоги во креацијата на играта на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА