Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров не успеа да стигне до посакуваниот бронзен медал на Европските игри во Минск.
Нуров во мечот за третото место загуби од Белорусинот Александар Хуштин со 3-1, по судиски одлуки во последните седум секунди во кои доделија два поени за противникот за конечна победа. Претходно, македонскиот борач имаше негатива од 0-1 но успеа да израмни и да биде рамноправен се до финишот на борбата.
На крајот Магомедгаџи Нуров заврши на петтото место во својата категорија на Европските игри во Минск.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА