По лошата сезона во која успеаја да стигнат само до трофејот во домашното куп натпреварување, раководството на Фенербахче размислува за ремонт на тимот кој изминатите сезони беше еден од најдобрите во Европа.
Обрадовиќ во своите редови сака да донесе двајца кошаркари со НБА реноме. Првиот кошаркарот на Јута Џез, Екпе Удох кој беше дел од Фенербахче, годината кога турскиот тим стигна до единствената титула во историјата на клубот во Евролигата.
Вториот кошаркар за кој се заинтересирани од таборот на турскиот клуб е Фуркан Коркмаз кој сезоната ја стартуваше во Филаделфија 76, но на крајот од регуларниот дел доби отказ од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА