Грузиското десно крило Реваз Чантурија по девет години се враќа во составот на Металург, откако денеска стави потпис на нов договор со клубот од Автокоманда. Покрај во Металург, искусното крило во Македонија настапуваше и за тимовите на Вардар и Струмица, а беше дел и од екипата на Пелистер, каде по конфликтот со тренерот Јошко Петковиќ замина од Битола и вториот дел од минатата сезона го мина како играч на Струга.
Чантурија е второ засилување за Металург по крилото Милан Поповиќ во сезоната во која клубот ќе се насочи кон настапите во домашното првенство и ЕХФ купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА