Солскјер го сака Ракитиќ на „Олд Трафорд“

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го засили средниот ред со хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ. Менаџерот Оле Гунар Солскјер сака да доведе нов квалитетен играч за врска за да се обезбеди при евентуалното заминување на Французнот Пол Погба, кој најави дека не сака да остане на „Олд Трафорд“.

Јунајтед е подготвен да плати 50 милиони евра за Ракитиќ, кој има понуди и од ПСЖ (како дел од трансферот на Нејмар), Јувентус и од Интер.

Хрватот освои четири шампионски титули во Ла Лига во петте години во Барселона откако дојде од Севилја во 2014 година.

Се вчитува...