Заокружен е првиот Интернационалец семинар за фудбалски тренери што изминативе четири дена се одржа во Хотел Гогов во Пехчево, во организација на „Еуроспорт Арена“. Под мотото „Учиме од шпанскиот фудбал“, Фран Алонсо, Роберто Родригез Санчез и останатите предавачи пренесоа огромен дел од своето искуство и знаење на учесниците на семинарот. Меѓу нив и Добринко Илиевски, Душан Савиќ, Емил Грнев…, имаа што да научат од теоретските предавања и практичните сесии.
„Одлучив да ја завршам фудбалската кариера и сакам да влезам во тренерските води. Ќе играм уште една сезона во Дубочица во родниот Лесковац, да помогнам тимот да влезе во повисок ранг, но веќе се фокусирам на тренерскиот повик. Ќе почнам со деца од најмала возраст и овој семинар беше одлично искуство за мене. Воопшто не е исто да се биде фудбалер и тренер. Ова е сосема нов предизвик за мене“, изјави Душан Савиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА