Супер-триумф на Ферстапен за крај на доминацијата на Мерцедес

Макс Ферстапен во голем стил стигна до победата на трката за ГН на Австрија откако по голема битка успеа да триумфира на денешната трка во која очајно стартуваше, но со фуриозен финиш успеа да стигне до својата прва овосезонска победа. Воедно, со овој успех холандскиот возач ја прекина доминацијата на Мерцедес, чии членови триумфираа на првите осум трки сезонава.

Денешната трка почна очајно за Ферстапен, кој при самиот старт беше минат од двајцата возачи на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон, кои се најдоа зад лидерот Шарл Леклер. Светскиот првак Хамилтон нешто подоцна се соочи со проблеми со болидот откако мораше да му биде сменета предницата, што значеше и крај на шансите на Британецот во битката за победата. Леклер делуваше сигурно на чело на колоната се до дваесетина круга до крајот, кога Ферстапен го почна својот поход. Тој ги минуваше ривалите еден по друг, на два круга до крајот го остави зад себе и Леклер, стигнувајќи до триумф на воодушевување на многубројните холандски фанови кои го бодреа за време на австриското гран-при.

Леклер сепак ќе мора да почека за својата прва Ф1 победа и мораше да се задоволи само со второто место, третопласиран беше Ботас, пред Фетел на четвртата и Хамилтон на петтата позиција.

Се вчитува...