Реал Мадрид од раководството на Ла Лига побара на почетокот на новата сезона да не игра мечеви на „Сантијаго Бернабеу“. Летово планирано е да се тргне еден од столбовите на стадионот и целиот кров, поради што од клубот испратиле официјално барање до Ла Лига првите три натпревари од новата сезона да ги играат на гостински терен.
Од „кралскиот клуб“ се надеваат дека раководните лица на Ла Лига ќе им излезат пресрет, како што му излегоа на Атлетико Мадрид кога се довршуваа градежните работи на новиот „Ванда Метрополитано“.
Реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“ ќе трае три и пол години, а најтешките градежни работи при реновирањето ќе се извршуваат во текот на летниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА