Најдобриот светски фудбалер за 2018 година, Лука Модриќ, му се залагодари на идолот од детството Звонимир Бобан кој пристигна во Мадрид да го убеди за трансфер во италијанскиот калчолигаш Милан. Модриќ јасно му ставил до знаење на Бобан дека неговата намера е да го одработи договорот со Реал Мадрид и ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“.
Милан е подготвен да плати 40 милиони евра отштета за Модриќ и да му даде годишна плата од 8 милиони евра на Хрватот, но тоа сепак не е доволно за да го убеди искусниот играч за врска да си замине од Мадрид. Модриќ е фокусиран на новата сезона во дресот на „кралскиот клуб“ и верува дека враќањето на Зинедин Зидан на клупата ќе донесе и многу подобри резултати за тимот во наредниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА