Раководството на Фудбалската федерација на Македонија на клубовите од Прва МФЛ им ги презентираше понудите за продажба на ТВ правата за Прва МФЛ за следните три натпреварувачки сезони, почнувајќи од сезоната 2019/2020. Понуди има од две регионални телевизии, станува збор за Спортклуб и Арена Спорт, заинтересирани се за телевизиските права од Прва МФЛ и Националниот куп. Првиот човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини истакна дека сумата од евентуално прифатената понуда на една од двете регионални ТВ станици целосно ќе биде ставена во трошоците за сезоната на клубовите, односно, како што рече Сејдини, федерацијата нема да добие ниту евро од продажбата на ТВ правата.
„Македонскиот фудбал за да се развива и да оди напред важно е ФФМ и клубовите да најдат заеднички јазик по важни прашања, заедно да седнеме на маса и да разговараме. Сметаме дека ова е значајно прашање за кое ние како раководство посветивме големо внимание и се надевам дека заеднички ќе имаме корист. За нас користа од евентуалниот договор за ТВ правата е промоција на македонскиот фудбал, а сумата која би ја добиле целосно ќе ја поделат клубовите. Понудата која ја добивме од две регионални ТВ станици се однесува на два директни преноси по коло од нашата Прва фудубалска лига,“ – рече претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
До среда е рокот до кој клубовите треба да се произнесат по барањето за отстапување на ТВ правата. Клубовите се запознаени со условите и сумата која евентуално би ја добиеле доколку позитивно одговорат на барањето за продажба на ТВ правата а натпреварите од домашниот шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА