Младинскиот репрезентативец на Македонија, 19-годишниот Анес Османоски ќе биде најголемото засилување за Брегалница за новата натпреварувачка сезона.
Штипјани, со веќе најевеното преземање на клубот од страна на познатиот стопанственик и голем спортски инвеститор Кирил Гогов, максимално амбициозно се впуштаат во очекување на новата сезона креирајќи состав со кој, без сомнение, ќе се атакува на пласман во Првата лига. Токму во таа насока е и ангажманот на Османоски кој доаѓа од германски Унтерахинг а играч од офанзивниот среден ред. Османоски е стандарден младински репрезентативец а има веќе и еден повик за А селекцијата на Македонија за пријателскиот натпревар против Норвешка во ноември 2017 година.
Покрај ангажманот на Османоски, Брегалница веќе има договор и со довчерашниот фудбалер на Академија Пандев, Стојанче Велинов, како и со Филип Миленковски од Силекс и Марио Наумоски од Победа. Секако, со стартот на подготовките најавено и официјално соопштување и на сите засилувања во клубот. Познато е дека има и ангажман на дел од најдобрите фудбалери на Кит Го кои ќе се преселат во штипска Брегалница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА