Манчестер Јунајтед повторно поведе во трката за потписот на Хари Мегваер откако клубот испратил понуда од 70 милиони фунти и со тоа го надминува градскиот ривал Манчестер Сити. Сепак, „црвените ѓаволи“ биле изненадени откако раководството на Лестер експресно ја одбило нивната понуда, јасно ставајќи до знаење дека очекува многу поголема сума за својот најдобар дефанзивец.
За англискиот репрезентативец, Лестер преговара со клубовите од Манчестер веќе неколку седмици, но постигнувањето договор и натаму е далеку. Позицијата на Лестер постојано е дека клубот не е заинтересиран за продажба и би биле разгледувани само понуди кои се повисоки од 75 милиони фунти.
Мегваер наводно бил задоволен во Лестер и не инсистирал на трансфер, но би прифатил понуда во некој од најголемите премиелигашки клубови. Интересот на двата клуба од Манчестер ги става и Лестер и Мегваер во добитна позиција, со оглед дека Јунајтед и Сити се наддаваат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА