Уште една фудбалска сага ќе заврши денеска откако Тангју Ндомбеле конечно ги договори сите детали од трансферот во Тотенхем. Бројни европски клубови во изминатиот период покажаа сериозен интерес за играчот за врска на Лион, но „спарси“ излегоа како победници од „аукцијата“ за овој фудбалер.
Лион ја прифати понудата од 62 милиони евра, плус бонуси, по што Ндомбеле пристигна на лекарски прегледи во Лондон. Промоцијата на новото засилување се очекува во најскоро време, со што Ндомбеле ќе стане најскап фудбалер во историјата на „спарси“, уривајќи го досегашниот рекорд на Давинсон Санчез, кој во 2017 година пристигна од Ајакс за 50 милиони евра.
Лондонскиот клуб денеска го официјализираше и трансферот на младиот крилен играч на Лидс, Џек Кларк, за сума од почетни седум милиони фунти. Воедно, двата клуба се договорија Кларк да се врати на едногодишна позајмица во Лидс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА