Проблем за Зидан: Бејл не сака да замине од Мадрид

Велшкиот интернационалец Герет Бејл не е во најтесните планови на тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, но тој нема намера да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Иако клубот се обидува да договори зделка да го испрати на позајмица и разговара со Интер и со Баерн Минхен на оваа тема, сепак, агентот Џонатан Барнет тврди дека Велшанецот нема намера да си замине.

„Бејл нема намера да го напушти клубот, тој е подготвен да започне со претсезоната следната седмица. Има договор со Реал Мадрид до 2022 година и Зидан го има на располагање“, изјави агентот на велшкиот фудбалер.

Претсезоната на Реал Мадрид стартува на 8 јули.

 

Се вчитува...