Гризман на 11 јули ќе се појави на „Камп Ноу“

Барселона официјално ќе го претстави Антоан Гризман на „Камп ноу“ на 11 јули, пренесуваат шпанските медиуми. Откупната клаузула на Французинот изнесува 120 милиони евра, кои каталонскиот гигант ќе ги отплати во три годишни рати.

27-годишникот уште во мај потврди дека ќе замине од Атлетико Мадрид, а се шпекулираше дека уште тогаш постигнал договор со Барселона. Во петок Барселона, официјално ќе го претстави Френки де Јонг и поради тоа промоцијата на Гризман ќе биде на 11 јули. Французинот би требало да се приклучи на првиот тим на Барселона три дена подоцна.

Се вчитува...