Франк Лампард денеска и официјално треба да биде промовиран како нов менаџер на Челси. Всушност, Лампард уште синоќа беше прстигнат на „Стемфорд бриџ“ во очекување на официјалната промоција но немаше среќа.
Повеќе од бизарно, но вистината е дека синоќешните проблеми на глобално ниво со Фејсбук и Инстаграм ја одложија промоцијата на Лампард. Од маркетинг службите на Челси не сакале промоцијата да мине без објава на официјалните клупски профили на социјалните мрежи, а бидејќи едноставно беше невозможно да се објавуваат фотографии на Фејсбук и Инстаграм сето тоа е одложено за денеска.
Во секој случај, враќањето на Лампард, кој имаше извонредна сезона со Дерби каунти, на „Стемфорд бриџ“ е веќе готова работа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА