Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон се врати во Торино и ќе потпише едногодишен договор со италијанскиот првак Јувентус. Тој сака да ја заврши кариерата во клубот каде помина најголем дел од фудбалскиот век. Потоа најверојатно ќе остане да работи и како функционер во раководството на Јуве.
Буфон откако ќе ги мине медицинските прегледи, ќе стави потпис на договор на една сезона во која ќе заработува 1,5 милиони евра плус дополнителни бонуси за успесите на тимот. Има и клаузула дека мора да одигра најмалку осум натпревари во Серија А, доволно за да го надмине рекордот на Паоло Малдини и два меча во Лигата на шампионите.
Gianluigi Buffon is back at Juventus today for his medical ?
The legendary goalkeeper will sign a one-year deal with the Italian champions ?pic.twitter.com/F25mxSvVfx
— Football Fans Tribe ?? ⚽ (@FansTribeHQ) July 4, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА