РК Охрид, подготвувајќи се за новата сезона, се засили со голманот Никола Даниловски кој во клубот пристигнува од редовите на Металург.
Поранешниот младински репрезентативец со охридскиот прволигаш потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште една година. Ангажманот на 22-годишниот голман ќе ги реши дилемите околу позицијата чувар на мрежата меѓу охриѓани. Пред потпис на нов договор со „гладијаторите“ е Јагош Брауновиќ, кој минатата сезона беше опција број еден на голот.
Охрид предводен од новиот тренер Раде Стојановиќ полека го екипира ростерот. Веќе се најавуваат уште три нови имиња кои треба да го засилат тимот за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА