Скопје е домаќин на Европското првенство за кошаркарки до 18 години – Б дивизија, што од денеска до 14 јули ќе се одржува во нашиот главен град.
Дваесет и две селекции ќе бидат дел од овој шампионат, на кој Македонија ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и да оствари што подобар пласман. Избраничките на Жаклина Стојановска за ривали ќе ги имаат селекциите на Ирска, Романија, Грција, Словачка и на Австрија.
Нашите репрезентативки натпреварите од групната фаза ќе ги одиграат во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“. Сите натпревари се одигруваат во термино од 18:45. Влезот во салата е бесплатен за сите оние кои сакаат да им бидат ветер во грб на нашите млади кошаркарки и да им дадат дополнителна поддршка од трибините. Во првото коло денеска Македонија за ривал ќе ја има репрезентацијата на Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА