Манчестер Јунајтед мисли на иднината – Потпишани нови договори со Переира и Туанзебе

Младите фудбалери Андрес Переира и Аксел Туанзебе ги продолжија договорите со Манчестер Јунајтед. Переира кој е на „Олд трафорд“ од младинските категории, се обврза со клубот до 2023. година, додека Туанзебе потпиша нов договор со англискиот гигант до 2022. година.

Досега во клубот пристигнаа Арон ван Бисака и Рајс Џејмс, а менаџерот на „црвените-ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер изјави дека главна цел на клубот е да се даде шанса на младите фудбалери.

 

 

Се вчитува...