Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години со пораз од Романија (44-59) го отвори настапот на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во нашата земја.
Избраничките на Жаклина Стојановска одиграа солидно прво полувреме во кое имаа негатива од само -6 (27-33). Второто полувреме беше клучниот дел од мечот бидејќи нашите надежи успеаја да постигнат само 17 поени.
Најефикасна во нашиот табор беше Илина Селчова со 14 поени, додека кај Романките најдобра беше Лаура Ерика Ваида со 16 поени. Во второто коло кое е на програмата утре Македонија се среќава со Република Ирска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА