Антонио Конте денеска ја одржа својата прва прес-конференција како тренер на Интер, со огромен оптимизам говорејќи за амбициите на новиот клуб. „Нероаѕурите“ долго време се без освоен трофејо, но Конте е убеден дека ќе успее да го врати овој клуб на вистински патеки.
„Интер беше лесен, логичен избор за мене. Говориме за клуб со фантастична традиција, една од најбогатите истории во светскиот фудбал. Знам каква е состојбата, но ја делиме истата желба со челниците – да изградиме од почеток нешто ново, нешто значајно. Ова ќе биде тежок и долг пат за сите нас, но верувам дека ќе успееме. Јас како човек не гледам граници на можностите и истото ќе биде и случај со мојот нов тим. Новиот Интер нема да знае за лимити, ќе игра за да победи на секој натпревар. Не е тајна дека разликата меѓу Интер и Јувентус е голема, додека и Наполи покажа дека е константно добар со години наназад. Наше е да ја намалиме разликата, да почнеме амбициозно и од самиот почеток да наметнеме победнички дух“ – истакна Конте.
Еден од проблемите се засилувањата, за кои се чека продажбата на Икарди. Италијанските медиуми шпекулираа за размена со Јувентус за Пауло Дибала, но Конте не верува дека тоа ќе се случи.
„Дибала е одличен играч, но утопија е да се верува дека може да дојде до размена на двајца толку квалитетни играчи меѓу два клуба што се толку големи ривали“ – порача новиот стратег на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА