Рома почна со ангажман на нови фудбалери, а еден од приоритетите на управата на „волчицата“ беше да се најде нов голман кој ќе го наследи Робин Олсен по разочарувачката прва сезона на шведскиот чувар на мрежата на „Олимпико“. Изборот падна на 24-годишниот Пау Лопез, кој пристигнува од редовите на Бетис за отштета од 30 милиони евра.
Шпанецот денеска пристигна на римскиот аеродром „Фиумичино“, каде беше пречекан од стотина навивачи на Рома.
„Среќен сум што сум овде“ – кратко изјави Лопез по пристигнувањето во „вечниот град“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА