Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, има преубаво лето, се венча со долгогодишната партнерка и мајка на неговите деца Пилар Рубио, а медениот месец го мина во Костарика и во Египет. Во Хургада доби и интересно пица-изненадување со неговиот лик.
„Тоа беше едно од најубавите патувања во животот. Благодарност до сите кои ни приредија преубави моменти во Хургада“, објави Серхио Рамос.
Одморот заврши, од денеска фудбалерите на Реал Мадрид ги почнуваат подготовките за новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА