Атлетико Мадрид одлучи да го казни Антон Гризман откако Французинот не се појави на подготовките на тимот. Атлетико во неделата јавно го повика Гризман да дојде, но сепак 28-годишникот не се појави, поради што клубот го суспендираше и да го казни со 200,000 евра.
Според правилникот казната која ја доби Гризман е неоправдана бидејќи секој фудбалер има право на 30 дена одмор во текот на летото, а последниот натпревар тој го одигра на 11. јуни за репрезентацијата на Франција.
На крајот на минатата сезона Гризман објави дека заминува од „Ванда метрополитано“ и ќе премине во Барселона. Сепак, Каталонците се уште ја немаат уплатено сумата, а од тимот од главниот град на Шпанија не прифатија сумата да биде исплатена на рати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА