Кавадаречки Тиквеш се засили со уште двајца нови фудбалери на стартот од подготовките за новата сезона. Јорданчо Наумоски и Дарко Мојсовски се најнови засилувања за кавадарчани, кои претходно потпишаа и со искусниот Ванче Шиков како свое најголемо засилување кое пристигна од Академија Пандев, но и Лазар Пеев, Димитар Иванов и Благојче Иванов.
Кавадарчани и во новата натпреварувачка сезона ќе атакуваат на првото место во второлигашката конкуренција, амбициозно посакувајќи по долги години и враќање во прволигашкото друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА